Радио Милева

Познатата старлета влегува во трката за претседател на Хрватска: „Ќе добијам 60 000 евра за кандитатура“

Познатата старлета влегува во трката за претседател на Хрватска: „Ќе добијам 60 000 евра за кандитатура“

Ава Карабатиќ и понатаму е тема број еден во Хрватска и тоа поради претседателсите избори на кои одлучи да се кандидира.

Изгледа дека старлетата сериозна размислува да се занимава со својот план и доколку обезбеди доволно потписи, Ава ќе добие 60 000 евра.

Се појави и преписка на Ава и еден бизнисмен од Хрватска.Ава на тој бизнисмен му побарала помош од 10 000 евра за кампањата, но тој не сакал да учествува во нејзината игра.

„Слушни, кој денес ти дава пари на убави очи?Ти си будала.Каков претседател ќе бидеш?“, пишува бизнисменот.

фото: принтскрин/инстаграм

Старлетата не била погодена од прашањето, туку се обидела да го убеди дека таа е вистинскиот избор.

„Ти ќе се зачудиш кога би дознал колку пари добив на убави очи.Со луѓето ништо немав освен контакт со пораки. А за претседател ќе добијам 60 000 евра. Секако, ако соберам потписи“ се пофали Карабатиќ.

Инаку, на социјалните мрежи започнаа шеги на сметка на Ава. Се споделуваат фотографии на кои поранешната учесничка и водителка на „Парови“ позира во бикини со паролата: Пет години не е многу време, но ветувам дека ќе ве задоволам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ava Karabatić (@ava_karabatic_official) on

To top