Новата сезона на „Твоето лице звучи познато – алл старс“ започна во петокот каде што учесници од претходните сезони ќе имаат задача да се најдат во улога на разни имитации.
Во првата емисија, Ивана Петерес и Ненад Пагонис имаа задача да се најдат во улогата на Лејди Гага и Бредли Купер од филмот „Ѕвездата е родена“.
Ивана и Пагонис одлично се снајдоа во оваа имитацијата, а публиката беше воодушевена од нивната интерпретација.
„Прекрасни сте. Бесмислено е да зборуваме за гласот на Ивана. Беше толку божанствено, толку добро ги имитиравте нивните погледи, таа интима. Беше задоволство да ве слушаме“ изјави Дубравка.
Пофални зборови имаше и Гоца Трќан
„Знаеш што? Мене многу ми се допадна тоа што ти одлично ја имитираше и бојата на гласот. Бевте одлични“ , истакна Тржан.
Нивниот настап може да го погледнете во видеото подолу.
https://www.youtube.com/watch?v=bhhHofUfeTQ