Радио Милева

Бијонсе со една фотографија предизвика гласини дека повторно е бремена?

Бијонсе со една фотографија предизвика гласини дека повторно е бремена?

Познатата светска пејачка Бијонсе, по една пауза од социјалните мрежи повторно се врати на „Инстаграм“.

Таа своите фанови ги израдува со најнови фотографии во жолт елегантен фустан во која ја покажа својата фигура, но и своите облини.

фото: Принтскрин/инстаграм/бијонсе

Бијонсе одредено време не беше на социјалните мрежи, па по новите фотографии може да се забележи дека пејачката има плус килограми, а тоа предизвика дискусија меѓу нејзините следбеници да не е повторно бремена.

Иако се уште нема одговор на тоа дали Бијонсе ќе стане повторно мајка, овие фотографии покренаа голем број на коментари.

 

To top