Радио Милева

Откако кралското семејство ги тужеше медиумите, се огласи британскиот водител: „Погрешно е што принцот Хари ја споредува својата мајка со Меган“

Откако кралското семејство ги тужеше медиумите, се огласи британскиот водител: „Погрешно е што принцот Хари ја споредува својата мајка со Меган“

Познатиот водител Пирс Морген не крие дека не е премногу воодушевен од војвотката Меган, а кога кралскиот пар го тужеше порталот „Daily Mail“ поради објавувањето на писмото на војвотката, се огласи и водителот.

„Ова ми изгледа како уште еден катастрофален неупех на кралскиот ПР и да бидеме искрени, за лошите критики сами се виновни. Не можете да ја принудите јавноста да плати 2,4 милиони фунти за реновирање на вашиот луксузен и бесплатен дом, а потоа одбивате да ве фотографираат на Вимблдон. Не можете да уживате во светската слава на кралската венчавка, а потоа да одбивате да споделите основни детали за раѓањето на синот. На тој начин не се однесува кралското семејство“ вели Пирс и потоа го прозва Хари како потполно е под влијанието на сопругата.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ja-izgubiv-majka-mi-a-sega-mi-ja-maltretiraat-soprugata-princot-hari-poradi-megan-se-odluchi-na-drastichen-poteg/

„Кога ќе ја ожениш холивудската актерка, таквиот патетичен став доаѓа од таму. Разбирам зошто принцот Хари ги мрази таблоидите по смртта на неговата мајка која сигурно како дете од 12 години многу тешко ја поднел. Но, да бидеме јасни – медиумите не ја убија Дијана, туку ја уби пијаниот возач. Дијана тогаш беше најголема ѕвезда на светот и како тогашен уредник ве уверувам дека таа безобразно се играше со медиумите, исто како и тие со неа“, вели водителот и додава:

фото: гуливер/гети имагес

„Со медиумите правеше како што сака, исто како и Меган со „People“ и „Vogue“.Со почит кон Меган, таа не е ни најмалку популарна како Дијана. Затоа е многу погрешно и невкусно принцот Хари да ја споредува со сопругата. И пред да ме нападнете дека не знам како е кога млад човек ќе го изгуби родителот, сакам да знаете дека и јас го изгубив мојот татко додека бев многу млад“ призна Пирс.

To top