Радио Милева

Кајли Џенер се огласи по шпекулациите дека раскинала со Тревис Скот

Кајли Џенер се огласи по шпекулациите дека раскинала со Тревис Скот

Најмладата милијадерка во светот, Кајли Џенер неодамна се најде на мета на светските медиуми кои пишуваа дека наводно раскинала со Тревис Скот со кого ја има ќерката Сторми.

Имено, наводно парот одлучил да стави пауза на својата врска и поради несогласувањата да се разделат на одреден период.

Како што пишуваа медиумите, Кајли и Тревис наводно почна да живеат во посебни куќи, но дека се во добри односи поради нивната ќерка.

фото: принтскрин/пинк.рс

По овие шпекулации се огласи и Кајли која ги демантираше овие пишувања.

„Тревис и јас сме во одлични односи и наш приоритет е Сторми. Нашето пријателство и нашата ќерка ни се приоритет“ напиша таа на Твитер.

фото: Принтскрин/твитер

Потоа одговори и на приказните за неверството и на обновувањето на романсата со поранешниот партнер.

„Интернетот прави 100 пати повеќе да изгледа драматично од вообичаено. Немаше никаков состанок со Тајго во два по полноќ. Она што можевте е да видите како ги одбив пријателите до студио, а меѓу беше и тој“ напиша Кајли.

фото: Принтскрин/твитер
To top