Учесникот на новата сезона на реалното шоу „Задруга 3“, Стефан Кариќ пред милионската публика откри детали за врската со поранешната девојка Дијана Милојковиќ која почина пред тој да влезе во реалното шоу.
Во емотивен разговор со „Дрвото на мудроста“ вели дека откако дознал дека Дијана боледува од тешката болест, заедно се договориле да се шишаат за да и даде поддршка.
Стефан се потсети на некои детали од нивната врска.
„Секогаш беше насмеана, средена, меѓутоа започна да и опаѓа косата и затоа заедно се шишавме. Не и беше сеедно, се додека не ја направи периката. Тоа беше кога се чувствуваше добро, а потоа и кога и беше лошо. Никој не можеше да види на нејзиното лице дека не е добро. Јас го чувствував тоа. Долга е приказната, не сакам да те замарам, тоа е само дел од нашата љубовна врска. Пробуваме на сите начини, верувавме во се. Што и да кажеше некој, ние ќе пробавме, но таа на крајот не успеа“ вели Стефан низ солзи и додава:
„Беше најубавата која ја познавав и многу ја сакав. Се се случи спонтано. Се запознавме така што јас бев во ресторан со еден другар, а таа влезе и веднаш ја забележав и прокоментирав дека е убава и дека не е од оваа планета. Не се запознавме веднаш, а мислев дека е зафатена.По еден месец на Инстаграм ми излезе фотографија од волан и нокти, па и прокоментирав дека е сељанка, Таа се насмеа на мојот коментар и ме праша дали се знаеме.. Почнавме да се допишуваме, таа не е од Белград, таа е од Чуприја. Јас бев на роденден во Чуприја кај еден другар, а потоа тргнав да барам каде живее за да и однесам цвеќе. Јас го оставив цвеќето пред нејзината врата и само и пишав порака. Следниот пат се видовме на 22 октомври во Блеград. Таа дојде и отидовме на концерт на Дино Мерлин и тогаш се смувавме. Ние разговаравме и ми кажа дека била на зрачење и тогаш сфатив дека боледува од карцином. И кажав дека заедно ќе поминеме низ се. Таа веднаш почна да живее кај мене како да се знаеме не знам колку долго. Не верувавме дека ова ќе се случи. Почнавме да живееме заедно, мислеше дека се излечила. По еден месец од врската беше на преглед, па тогаш дозна дека има метастаза на лимфните жлезди. Повторно размислуваме позитивно, тука беше и нејзиното семејство, а тоа се луѓе навистина прекрасни луѓе“ вели Кариќ.
Српската мисица Дијана Милојковиќ почина во јули на 33 години, откако ја изгуби борбата со тешката болест.