Марина Туцаковиќ неодамна откри пред јавноста дека нејзината борба со ракот не е завршена.
Поточно, на Марина и беше дијагностициран карцином на дојка во февруари 2018 година и сè уште се лекува.
Хемотерапијата е во тек и бидејќи станува збор за еден вид третман кој го уништува имунолошкиот систем, таа прима инфузија скоро секој ден, пишува српски „Ало“.
– После хемотерапија ми е многу лошо, имам гадење и вртоглавица, така што преку инфузија добивам одредени комбинации на витамини кои ми помагаат да закрепнам побрзо и да ја повратам силата – рече Марина, а потоа откри дека таа сила и волја никогаш не ја оставила и дека се надева на најдоброто.