Кога нешто е убаво, убавите коментари речиси на сите ни доаѓаат убави зборови, но кога е во прашење Елена Ристеска, нејзината колешка Каролина Гочева е посебно инспирирана. Имено, Елена објави една ретро фотографија од себе, а во низата коментари се издвои оној на Каролина, а на истиот Елена не остана рамнодушна да и возврати во иста мера.
-Ленче убавинче, напиша Гочева за својата драга колешка, на што таа и одговори:
-Каролинче убавинче, само ти можеш да измислиш вакви зборови, возврати и Елена со комплименти.
Очигледно колешките не се штедат на комплименти една за друга, а кога жена на друга жена и дава само пофални зборови, тогаш тоа навистина и го мисли, барем така велат некои непишани правила.
Сепак, мора да признаеме дека коментарот на Каролина е на место, зашто Елена изгледа како модел, а повеќето ги потсети и на Анџелина Џоли, што мислите вие?