Радио Милева Пофалбите не стивнуваат

Тијана Дапчевиќ феноменална, како од светско модно списание! (фото)

Тијана Дапчевиќ феноменална, како од светско модно списание! (фото)

Пејачката Тијана Дапчевиќ деновиве ги изненадува своите фанови и следбеници на Инстаграм со стилски трансформации кои не поминуваат незабележано.

Пред неколку дена изненади со розова перика на главата која одлично и прилегаше, па ги праша следбениците како и прилега таквата промена?

фото:инстаграм/тијана дапчевиќ

Дапчевиќ е позната по андрогениот изглед кој е нејзин заштитен стилски печат, а тоа го покажа и од најновата фотографија на која изгледа како од престижно модно списание.

Имено, таа носи комбинезон во минт нијанса која е моден тренд за оваа есен, надополнет со сив мантил.

Доминантната поза и очилата со дрвена рамка се издвојуваат во фокусот, а слободно може да се каже дека ова е една од нејзините најмоќни професионални фотографии.

фото:инстаграм/тијана дапчевиќ

Коментарите со пофалби не стивнуваат, а многумина е порачаа дека е жена „змеј“, пишувајќи и комплименти со воодушевување.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/pomisliv-deka-e-dara-bubamara-tijana-so-novata-frizura-gi-zbuni-sledbenicite-foto/

Инаку, кон крајот на месец октомври Тијана ќе биде окупирана со снимањето на новата четврта сезона на „Преспав“ каде го игра ликот на Германката Ула.

To top