Најпознатиот македонски стилист и мејк ап артист Александар Билјановски – Дадар изгледа реши многу да не се објаснува. Забелешки од типот: не сакам вака – сакам онака, не било вака – било така, зошто токму ова – јас мислев оноа… повеќе не прима! Човекот си ја знае работата и нема што тука вака-така… Решил: рекламации отпосле не примаме!
Затоа кажи си однапред што и како сакаш, за потоа да не биде: Ама јас не мислев така! Зашто ако многу бараш „преку леб – погача“, односно се зафркаваш со својот стлист, може да ти се случи да изгледаш вака:
Секако, сето ова е само една мала шега која Дадар во вид на фотографија ја прикачил на својот Инстаграм ппрофил. Познат по своите магични раце, врвниот тим професионалци кој работи во неговото студио, пријателскиот и внимателен однос со клиентите, како и по питомиот карактер и да сакаш со него не можеш да се скараш и да го налутиш!
Можеш само да уживеш од задоволство во третманот и изгледот откако ќе минеш низ фабриката за магичен изглед наречена „Мое студио“!