Радио Милева

На таа пара лесно е да се шара: Децата уметнички му го разубавеа „Мустангот“ на Перо Антиќ (фото)

На таа пара лесно е да се шара: Децата уметнички му го разубавеа „Мустангот“ на Перо Антиќ (фото)

Секој родител за своите деца би направил сè само за тие да бидат среќни и задоволни, а возвратената детска насмевка, прегратка и бекнеж, не можат да бидат заменети со ништо на светот.

Актуелниот претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија, Перо Антиќ, е среќен татко на тројца наследници или како што милува да ги нарече, свои принцови.

Лука, Павел и Петар се неговото најголемо богатство, а за нивната среќа тој би направил и дозволил буквално сè!

Тоа го потврдуваат и најновите фотографии кои Перо ги објави на својот Инстаграм, а истите ги шокираа неговите следбеници на социјалната мрежа.

фото:инстаграм/перо антиќ

Имено, Перо својата вредна „играчка“ од 70 илјади евра им ја препушти на децата – во целост. Скапиот спотски автомобил Форд Мустанг доби ново лице создадено од шарените спејови со кои си играа децата.

фото:инстаграм/перо антиќ

На средина го нацртаа бројот 12 од дресот на татка си, а тој пресереќн што си доби уникатно издание кое сега изгледа како за на трки.

фото:инстаграм/перо антиќ

Следбениците на Антиќ не можеа да им веруваат на очите, но тато Перо очигледно е дека уживал во радоста на наследниците и во нивното финално дело, а Мустанг ќе си купи нов – има се може се!

фото:инстаграм/перо антиќ

 

фото:инстаграм/перо антиќ
To top