Турскиот актер Фуркан Палали или попознат како Онур од серијата „Број 309“ или како што се емитува кај нас под името „Наследници“, е вистински камелеон кога се во прашање трансформациите пред филмската камера.
На Фуркан улогата на богатиот Онур му беше прва во неговата актерска кариера, а по се изгледа дека истата му донесе и нови филмски проекти.
Поминаа три години од снимањето на споменатата серија, а шармантниот и харизматичен турски актер, сега доби нова улога во серијата насловена „Benim Tatli Yalanim“.
Од најновите фотографии и снимки кои може да се видат на социјалните мрежи, Фуркан изгледа тотално поразлично, со подолга коса и брада кои му го сменија личниот опис.
Инаку, овој млад турски заводник во 2012 година беше избран за најдобар машки модел во Турција.