Радио Милева

Ве воодушеви со ликот на Ула во „Преспав“, а сега Тијана Дапчевиќ откри детали за четвртата сезона – еве кога ќе започне

Ве воодушеви со ликот на Ула во „Преспав“, а сега Тијана Дапчевиќ откри детали за четвртата сезона – еве кога ќе започне

Третата сезона на серијата „Преспав“ заврши на почетокот на годината, а оттогаш фановите се во очекување дали ќе има нова четврта сезона и кога ќе започне.

Ула, Коста, рецепцинерот Талат, Јелена, Марио, чичко Миле со своите ликови успеа да го задржат вниманието на публиката пред ТВ екраните и да ги срушат рекордите на гледаност.

фото: принтскрин/инстаграм/преспав

Тијана Дапчевиќ во улогата на Германката Ула, уште еднаш ги покажа своите актерски способности и покажа дека пеењето не е нејзиниот единствен талент.

Ула како сопруга на Коста со својот македонски јазик и германски акцент остави свој впечаток и белег во серијата.

фото: Принтскрин/инстаграм

Иако снимањата на серијата бараа некои пожртвувања односно често да се наоѓа на релација Белград – Скопје и често да е разделена од Вук и Милан, Дапчевиќ одлично и професионално си ја заврши работата.

фото: Принтскрин/инстаграм/пансионпреспав

Фановите  во нетрпение очекуваат дали ќе има нова четврта сеозна и кога ќе започне

Имено, иако уште пред неколку месеци беше најавена дека ќе има нова сезона, детали за истата не беа објавени, односно беше  само објавено дека ќе започне на есен.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/driton-vejseli-otkri-detali-za-chetvrtata-sezona-na-prespav/

Меѓутоа, нетрпеливите фанови едвај чекаат да започне четвртата сезона на „Преспав“.

Имено, деновиве следбениците на Тијана на социјалните мрежи ја праша детали за новата сезона.

На прашањето дали се снима продолжение на „Преспав“, Дапчевиќ одговори:

„Да ќе се снима, снимањата започнуваат на средина на октомври“одговори Тијана.

фото: Принтскрин/инстаграм/тијанадапчевиќ

Дапчевиќ не сакаше да открива детали за тоа што може гледачите да очекуваат од четвртата сезона на „Преспав“.

„Ааааа не смеам да откривам, ќе ја гледате од декември здравје новата сезоната. Многу новитети има“ одговори Тијана да прашањето што може да се очекува.

фото: принтскрин/инстаграм/тијанадапчевиќ

Кои ќе биде новитетите за четвртото продлжение на „Преспав“ која ви ги освои срцата останува да видиме.

To top