Радио Милева доза незгодна поза

Ирена Спасовска никому не му останува должна: Тој неа и правеше уши на селфито, таа му врати со „селфи меѓу нозе“! (ФОТО)

Ирена Спасовска никому не му останува должна: Тој неа и правеше уши на селфито, таа му врати со „селфи меѓу нозе“! (ФОТО)

Македонската фолкерка Ирена Спасовска однеодамна реши да сврти нов лист. Нова страница, за трето или четврто животно поглавје. Од дуо-трио со Алачки, преку брачно дуо на сцена со бившиот сопруг – хармоникаш, па естрадно – новинарски тандем со својот интимен пријател Орце Гелевски…

Сега јавноста може да ја види како на себе има се’ помалку парчиња облека, а се повеќе гола кожа.

Патем, по некоја тетоважа и живот на висока нога, по елитните ресорти на далечните егзотични дестинации… Што би рекле накусо: Трета младост!

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/irena-spasovska-dozivuva-treta-mladost-arapska-vecher-a-pod-shator-i-prirodno-bujni-balkanski-gradi-na-plaza-foto/

Така, откако неодамна на социјалните мрежи објави фотосесија на која позира речиси гола, делумно прекриена со машка кошула, а потоа и го трна и градникот од природно бујните гради кои ги покри само со раката, нескротливата фолкерка деновиве реши да ги улови последните сончеви зраци и да го иуспрати летото онака како што доликува – од плажа!

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/irena-spasovska-diva-i-neskrotliva-vo-pettata-decenija-folkerkata-pozirashe-gola-foto/

А плажа не би била плажа, ако од неа немаш фото-спомени, па затоа Ирена реши да го овековечи моментот кога се поздравува со летото 2019-то! Но додека расната фолкерка правеше селфи една машка личност, подзаскриена зад неа со показалецот и средниот прст и правеше „уши“ на фотографијата.

Позната по тоа дека никому не останува должна, русокоста пејачка му возврати на мајтапџијата со свој мајтап! Имено, божем правејќи си ново селфи себеси, Ирена го сликаше него во пределот на гаќичките за капење. Или што би рекле, тој неа и правеше уши на селфито, а таа му врати со „селфи меѓу нозе“!

А нему, случајно или намерно, дали заради нејзиното блиско присуство до него или заради  друга причина, гаќичките за капање – „шатор“! Или стручно кажано: „Ерекција во доволна доза, за незгодна фото-поза!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irena spasovska (@spasovska.irena) on

To top