Кога последен пат беше објавено дека Меган Маркл и принцот Хари ќе станат родители, тие беа на служебно патување во Австралија.
Меган цело време го криеше трудничкото стомаче облекувајќи широки фустани и капути, поради што многумина се сомневаа дека е бремена, а на крајот овие сомнежи испаднаа како точни.
Меѓутоа, парот моментално се наоѓа со синот Арчи во Африка и светот се сомнева дека историјата се повторува. Меган повторно носи широка облека, а многумина тврдат дека под неа се наоѓа трудничкото стомаче.
Но, нема да биде зачудувачко доколку овие шпекулации се точни. Имено, Меган и Хари неколку пати досега истакнаа дека сакаат да имаат две деца,
Сепак, има и друга страна на приказната, а тоа дека носи широка облека поради вишокот на килограми по породувањето.