Фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ кога станува збор за нејзината кариера и успеси, нема проблем јавно да зборува. Меѓутоа, постојат работи за кои многумина не знаат.
Имено, Цеца не сака многу да зборува за својот приватен живот, посебно не за љубовниот и тоа дали има некој покрај себе.
Поради тоа се шпекулираше дека Цеца има посебна причина често да патува во Русија.
Меѓутоа, пејачката ја откри вистинската причина поради која патува во оваа држава.
„Бев во Москва поради некои обврски. Немам намера да се селим од тука, ниту ме интеренсираат странците.Сакам да се заљубам во својата земја, јас сум патриот. Што морам да се заљубам, мене и вака ми е супер“ изјави Цеца.
За потсетување, неодамна се шпекулираше дека Цеца наводно има ново момче, а таа на тие шпекулации откри дека е среќана и задоволна.