Радио Милева

Уште една кралска свадба: Се сврши внуката на кралицата Елизабета (фото)

Уште една кралска свадба: Се сврши внуката на кралицата Елизабета (фото)

Внуката на кралицата Елизабета, принцезата Беатрис, се сврши со италијанскиот бизнисмен со Едуардо Мапели Моци, потврдуваат од кралската палата.

Парот се свршил во Италија, а објавени се фотографии на кои се гледа свршеничкиот прстен на принцезата.

„Двајцата сме возбудени затоа што заедно се впуштаме во ова животна авантура“  изјави парот и додаваат дека делат многу заеднички интереси и вредности кои ќе им помогнат да живеат во љубов и среќа.

фото: принтскрин/инстаграм

Свадбата е најавена за следната година, пишува klix.ba

Принцезата Беатрис, ќерката на принцот Ендри и Сара, моментално е девета на листата за престол.

фото: принтскрин/инстаграм

Едуардо се појави со кралската наследничка првпат во јавноста во март оваа година на гала-вечера со другите членови на британското кралство. Пред принцезата Беатрис тој беше во вонбрачна заедница со Дара Хуанг, Американка со кинеско потекло, со која има двегодишен син Кристофер.

To top