По повод 100-годишнината од смртта на италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало, на 28 септември со почеток во 20 часот, Амбасадата на Италија во Скопје организира концерт со македонскиот светски познат тенор Благој Нацоски и Дино Имери на пијано. Гкако гостин на концертот че настапи хелена Суѓа – сопран. Концертот ќе се одржи во Камерната сала на Македонската филхармонија. Влезот е слободен.
Мегафон
концерт