Диџеј Тиесто (50) се ожени со манекенката Аника Бекерс. Парот свадбената церемонија ја огранизираше во пустина.
Тисето на својот „Инстаграм“ објави фотографија од свадбата која била во пустина во Јута (САД).
„Љубовта на мојот живот.21.09.2019“ напиша Тиесто во описот на фотографијата.
Парот направил церемонија за 80 луѓе во луксузно одмаралиште со пет ѕвездички.
„Градот кој и двајцата го сакаме е Вегас, па започнавме да бараме локација, но одлучивме дека сакаме да биде некаде подалеку“ изјави парот во едно интервју.
Манекенката и Тиесто се запознале во еден ресторан во Њујорк во 2015, а се свршија во ноември претходната година.
Инаку, диџеј Тиесто е трет најбогати диџеј на листата на Форбс.