Радио Милева

Нов скандал: Принцот Хари и Меган Маркл ги разгневија Британците поради 1300 евра!

Нов скандал: Принцот Хари и Меган Маркл ги разгневија Британците поради 1300 евра!

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл (38) и принцот Хари (35) беа на венчавката на модната дизајнерка Миша Ноно и тајкунот Мајки Хас во Рим во петокот, а дури сега излегоа некои информации што ја разлутиле Велика Британија.

Поточно, британската јавност беше лута што таа и Хари престојуваа во луксузниот хотел „Вилон“ во срцето на градот, каде што ноќта чини 1.500 евра, пренесува „The Sun“.

Покрај хотелот, војводата и војвотката, исто така, потрошиле значителна сума пари за да го обезбедат својот мир за време на нивниот престој во Рим.

Локалното население вели дека улицата каде биле сместени, била под „опсада“ од полицајците од пристигнувањето на кралската двојка.

Четиримесечниот син Арчи не беше заедно со нив.

фото:принтскрин/инстаграм

Ова не е прв пат Меган и Хари да ги налутат Британците со своето трошење. Исто така, она што „крена прашина“ беше веста дека Меган отишла со приватен авион до Њујорк, а користеа уште неколку приватни летови.

Британската јавност смета дека Меган и Хари се расфрлаат со пари, а се чини дека кралската двојка нема намера да се откаже од нивниот луксузен животен стил толку лесно, без оглед на мислењето на нацијата.

To top