Северина Којиќ деновиве присуствуваше на една модна ревија во Загреб, каде седеше во првите редови, а фотографите имаа што да „ловат“.
Имено, во фокусот на хрватските медиуми беа нејзините усни, кои изгледаат како да правела некаква промена на нив.
Сепак, нејзиниот менаџер го тврди спротивното и изјавува дека усните на Северина се исти како и пред 20 години.
-Тоа се глупости. Претходно се пишуваше дека ставила силикон, сега дека го извадила. Нејзините усни се истите како и во изминатите 20 години. Едноставно додека пее или зборува, усните се сушат и набираат. Тоа им се случува на сите, па дури и мене, вели менаџерот Томислав Петровиќ, пишува Нет.хр