Петатта сезона на „ТЛЗП“ ќе започне на 4 октомври, а оваа година ќе бидат учесници од претходните сезони.
Иако беа откриени имињата на учесниците, досега не беше објавено кои ќе биде во улога на жири.
Како што пишува „блиц.рс“, кандидатите ќе ги оценува актерката Дубравка Мијатовиќ и композиторот и текстописецот Душан Алегиќ.
„Долго време траеше изборот за тоа кој е компетентен за да ги оценува познатите во имитација како на домашните така и на светските ѕвезди. Продукцијата доби идеја да се јави на Дубравка која досега гледачите немаа прилика да ја видат во улога на член на жири кое ќе дава оценки врз основа на имитацијата. Вокалните способности ќе ги оценува Алагиќ, кој досега не беше дел од ниедно натпреварување, а зад неговите име стојат голем број на хитови“ вели извор близок на продукцијата и додава:
„Во тек се преговорите за третиот член на жирито, а според некои глаисни тоа треба да биде Бранко Ѓуриќ Ѓура кој беше и претходните години. Гостинот – член на жирито ќе се менува од емисија во емисија. Како и претходните сезони, така и оваа главната награда ќе биде 50 000 евра кои ќе бидат доделени на оние на кои им се најпотребни“ вели изворот и додава дека продукцијата ќе има нови правила.
„Бидејќи од секоја сезона има по 2,3 натпреварувачи, направивме да има уште една награда. Секој од нив ќе се бори да ја понесе титулата за најдобар во сезона во која се натпреварувал. Така Едита ќе се бори да освои прво место во ова категорија и четврто место во сезоната во која се натпреваруваше. Интересно е што ќе има имитации кој не се видени ниту во една сезона. Костимите се подготвени, а кандидатите се подготвуваат за имитациите“ вели изворот.
За потсетување, новата сезона започнува на 4 октомври на Прва српска телевизија.
Погледајте ову објаву у апликацији Instagram