Принцот Хари и Меган Маркл заминаа на службена турнеја по јужна Африка, а со себе го понесоа и четиримесечниот син Арчи Харисон, што беше прилично неочекуван потег.
Објавено е дека малиот кралски наследник ќе остане во резиденцијата со дадилка, додека Меган и Хари ќе бидат зафатени со обврски.
Меган се појави во бели фармерки и маичка врз која имаше сив капут, додека на нозете носеше балетанки во неутрална нијанса.
Во рацето го држеше Арчи, а иако бебето на фотографијата се гледа малку, јасно е дека носи тегет дуксерче и капче со топче на врвот.
На социјалните мрежи веднаш се појавија коментари со споредба на Арчи со принцот Хари на негова возраст, каде е слично облечен додека го држи мајка му, принцезата Дајана.
Ова не е прв случај членовите на кралското семејство да носат слична гардероба како во минатото, само помодерна.