Првото македонско шоу за музички таленти „Македонски идол“ се случи во 2010 година или поред осум години.
Речиси секој се сеќава на големата еуфорија која настана кај помладите, кои станаа верна публика и обожаватели на учесниците.
Оттогаш помина доста време, а речиси секој од нив започна и музичка кариера.
Времињата се менуваа, а се менуваа и нивните желби и афинитети кон музиката, па кој издржа, остана и денес да биде дел од македонското забавно музичко небо.
Но, поминатото време и не е толку важно кога постојат вистински пријателства, баш како она кое им се случи на учесниците во „Македонски идол“.
Па така, деновиве дел од нив се собраа да се видат и да си поприкажат на кафе средба и да ги евоцираат спомените.
Билјана, Виктор, Денис, Јуле и Бети, оваа средба ја овековечија и со фотографија која се најде на социјалните мрежи.
Дали планираат некаква заедничка песна или пак само го одржуваат пријателството, не знаеме, но во секој случај евидентно е дека убавите спомени и искуства, носат и искрени пријатели.