Радио Милева

Во последната сезона беше одличен имитатор, а сега ексклузивно за Вистина пред „ТЛЗП 5“, Кајмакоски откри дали има некоја посебна желба за имитација

Во последната сезона беше одличен имитатор, а сега ексклузивно за Вистина пред „ТЛЗП 5“, Кајмакоски откри дали има некоја посебна желба за имитација

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски во последната  сезона на „Твоето лице звучи познато“ имавме прилика да го гледаме во разни имитации со кои воодушеви пред публиката, но и ја однесе победата на музичко – хуманитарното шоу.

Даниел имавме прилика да го видиме во улога на Тина Тарнер, Принц, Бруно Марс, Мајкл Џексон и во улога на многу други светски ѕвезди.

https://www.youtube.com/watch?v=bdVZJrW9qnE

Во самото финале тој се најде во улога на Швеѓанецот Монс Селмерлев кој го освои првото место на Евровизија во 2015-та.

фото: Принтскрин/јутуб

По три години, оваа година повторно започнува „Твоето лице познато – all stars“ во кое ќе учествуваат учесници од претходните сезони, а меѓу нив и Даниел.

фото: принтскрин/инстаграм/тлзп

Иако Кајмакоски претходниот пат одлично се снајде во улогата на имитатор и се соочи со предизвиците, сега екслузивно за вистина.ком.мк откри дали има има посебна желба да се најде во улога на некоја омилена ѕвезда.

фото: Принтскрин/јутуб

„Предизвици секогаш ќе има и треба да ги има во животот, со нив растеме и се надминуваме себе си. Суштината беше тоа да се прифатат тие предизвици колку и да се тешки, затоа немам некоја посебна желба која имитација да ми се падне. Повеќе се препуштам на искусната екипа на “ТЛЗП“ бидејќи најинтересни се секогаш најтешките имитации“ ни изјави Кајмакоски.

Пејачот во кратките приказни на „Инстаграм“ сподели фотографија од снимањето на „ТЛЗП 5“, но не откри многу детали кого ќе имитира.

фото: принтскрин/инстаграм/даниелкајмакоски

Како ќе се снајде Кајмакоски останува да го следиме шоуто кое започнува на 4 октомври на Прва српска телевизија.

To top