На социјалните мрежи не се огласила веќе еден месец, а нејзиното семејство немало точни информации за тоа каде се наоѓа!
Иако често пати се фалеше со фотографии на социјалните мрежи, постарата од сестрите шегетин кои беа учеснички во регионалнотот реално шоу „Големиот брат“, одеднаш како да пропаднала во земја.
„Последен пат се видовме пред еден месец. Немам број на Барбара… Кореспондиравме преку Инстаграм“ – изјавил Дарко за српските медиуми.
Последната фотографија на социјалните мрежи Барбара ја објавила во средината на декември, од свадбата на сестра и Тина и оттогап таа не одговара ниту на телефонот. Со цел да се спречат шпекулации, се огласи нејзината мајка:
„Мојата ќерка Барбара треба да се врати дома за една недела, ништо немаше да се случи со неа. Таа едноставно не сакаше да го носи мобилниот со неа,а отиде да се одмори од сè. Отпатува со една своја пријателка, и ќе јави кога ќе се врати. Не е мртва и не е исчезната од земјинава кугла. Не сакав да се експонирам себеси ниту кога тие беа во куќата на “Големиот брат”, а камоли сега, кога сето тоа е завршено“ – изјавила мајката на сестрите, Јасенка Шегетин.
Инаку естрите Тина и Барбара Шегетин станаа познати во јавноста по учество во регионалната верзија на популарнаото риалити „Големиот Брат“ каде победи нашиот Дарко – Спејко, кој тогаш најпрвин беше пријател со постарата сестра Барбара, а потоа влезе во љубовна врска со помалата – Тина.