Американскиот актер Били Портер воодушеви со својот стајлинг кога на доделување на „Еми“ наградите се појави во одело од 100 000 кристали, а со својот победнички говор ги изненади присутните.
Били доби награда за најдобар актер во драмската серија „Pray tell“, а во обраќањето тој истакна дека е првиот хомосексуалец кој победил во оваа категорија.
„Ви благодарам на сите. Мобилниот не престанува да звони. Преполн сум со емоции и ви благодарам на сите. Пред неколку години не можеше да се замисли да хомосексуалец добие награда во драмска серија. Денес сум жив доказ дека тоа може да се случи. Преубаво е кога ќе го препознаат вашиот труд и ќе ве наградат за тоа. Треба отворено да разговарате за тоа. Знам како гледаат луѓето на оние кои се геј и се црни. Цело време сум во таква ситуација. Ми беше тешко“ изјави актерот кога му беше доделена наградата.
Портер привлече големо вниманието и со стајлингот односно се појави во костум од 100 000 кристали кое е дело на американскиот дизајнер Мајкл Корса.
Носел и црни високи потпетици, а ноктите му биле налакирани во сива боја.
„Ја обожавам оваа модна комбинација и се чувствувам како дива. Ви благодарам на сите“ вели Портер.