Дарко Лазиќ тврди дека добил повеќе од 50.000 евра бакшиш на една ромска свадба! Популарниот фолк пејач вели дека сака да пее на вакви веселби, затоа што на нив има најмногу пари.
„Честопати сум пеел на разни прослави и семејни веселби кај Ромите, Власите и Романците. Не се срамам да го кажам тоа и тие се исто така дел од мојата публика. Освен тоа, таму се заработуваат најголемите пари. Најмногу што земав беше околу 50. 000 евра за една вечер! Имаше и повеќе пари, но тие не беа само за мене, туку остатокот им беше поделен на другите музичари од групата“ – не пропушти да се пофали пејачот. Само пропушти да каже дали на таа сума и го платил данокот на добивка, на државата?!