Радио Милева божем пејачка?

Луна Ѓогани пееше на плејбек во Струмица и Кавадарци, а еве колку пари заработи за 4 часа

Луна Ѓогани пееше на плејбек во Струмица и Кавадарци, а еве колку пари заработи за 4 часа

Победи во реланото шоу „Задруга 2“ ги собра парите, ама таму чесно и поштено си ги заработи. Како и во претходната, прва сезона на реалното шоу, кога обилно во живо практикуваше „секс на екс“… Прво со Слоба Радановиќ, а потоа и со Марко Миљковиќ. И додека таму се треса креветите и лулаа душеците под постелнината кога Луна имаше „настап пред камери“ кога е сексот во прашање, со пеењето работите стојат малку поинаку!

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/so-vakva-blagodarnica-kija-i-se-zablagodari-na-luna-fala-ti-shto-mu-go-na-maz-mi-na-skali-foto-video/

Имено, по теркот на својата претходничка Кија Коцкар  – победничката од „Задруга 1“ и нејзина љубовна ривалка, на која и го превзеде сопругот ( спомеатиот Слоба) и Луна реши да стане пејачка и да прави естрадна кариера. Многумина го одобрија тој потег, велејќи дека и мајка и Анабела и татко и Гаги се естрадни лица, па логично е Луна да продолжи по нивниот пат.

Арно ама, генот по се изгледа не фатил корен кај ќерката. Луна ја сними првата песна „Деветтиот круг“ кај Дарко Димитров и тргна да бара тезги… Но никој во регионот не згриза на јадицата, освен наашите Македончиња. Клубовите во Струмица и Кавадарци беа тие кои се „испотепаа“ први да ја донесат „новата ѕвезда“  на гости кај нив, арно ама… Ѕвездата „исчуре“ пред и да блесне, иако  Луна за настапите во Македонија, поточно за 4 часа заработила 8 000 евра, пренесуваат српските медиуми.

фото: Принтскрин/инстаграм/лунаѓогани

Но, наместо песни и пеење во живо, Луна на публиката и понуди чист плејбек! Отворање уста без да пушти глас! Ријалити ѕвездата не отпеала ниту една песна во живо, туку целиот нејзин настап бил на плејбек, а со тоа  многумина разочарала, бидејќи публиката чекала да запее во живо. Од она што се слуша – ништо, ама затоа она што се гледа… е за машала!

 

 

View this post on Instagram

 

Delici vecerasnje žurke! Hvala Makedonci ?‍♀️❤️ #lunadjo @plesni_klub_evolution

A post shared by Luna Djo (@luna_djogani) on

„Ова е срамота“ – изјавил за белградските медиуми еден млад човек, кој присуствувал на еден од настапите на Луна во Македонија, додавајќи: „Одвреме – навреме, таа ќе и се обратеше на публиката и ќе не замолеше да пееме со неа, а таа всушност само ја отвораше устата и понекогаш потпевнуваше. Таа дури и не можеше да ја отпее својата песна во живо. Ма, на неа дури не и беше потребен микрофон!“

фото: Принтскрин/инстаграм/лунаџогани

Инаку, за нејзината шмиинка се погрижи македонскиот шминкер Зоки Давитков.

фото: принтскрин/инстаграм/зокидавидтков

Мајка и’ на Луна, пејачката  Анабела исто така во еден момент се појави на сцената со неа, како вокално засилување за нејзината ќерка.

фото: Принтскрин/инстаграм/лунаѓогани

 

To top