Радио Милева

Кога на Каролина ќе и се споменат деца, лицето и блика од среќа – овој пат со повод и добра причина! (фото)

Кога на Каролина ќе и се споменат деца, лицето и блика од среќа – овој пат со повод и добра причина! (фото)

На невините насмевки, убавите малечки лица, бушавите косички и пред се искреноста кај децата, ретко кој би можел да остане рамнодушен, така и нашата поп-принцеза Каролина Гочева.

Тешко може да се заситите од љубовта на децата, а за Каролина е добро познато дека најголема слабост и се внуките од нејзината сестра Сандра. Овој пат наместо Инес и Луција, Каролина се дружеше со дечињата од „Дајте музика“, односно им беше гостинка на снимањето во нивното студиско маало.

фото:инстаграм/каролина гочева/дајте музика

Очигледно е дека лицето и блика од среќа и дека се забавувала до бескрај, како таа, така и тие.

Модниот избор како и секогаш и беше непогрешлив за оваа прилика.

фото:инстаграм/каролина гочева/дајте музика

Облечена во црно кусо фустанче, не случајно со принт од ѕвездички, надополнето со тексас јакна и балетанки дизајнирани од Цаци Паковска.

фото:инстаграм/каролина гочева/дајте музика

-Пред неколку дена бев на гости во „Дајте музика и си ги видов сите другарки“- пишува Каролина во описот на фотографиите кои ги објави на својот Инстаграм.

To top