Холивудската актерка Кејти Холмс, по раскинувањето на долгогодишната врска со актерот Џејми Фокс, наводно инвестира огромна сума пари во пластична хирургија.
Извор близок на актерката откри дека таа започнала да инвестира значителна сума пари во нејзиното тело.
“Кејти го потроши целото богатство на своето ново тело. За неа се шпекулира дека потрошила околу 75.000 американски долари, ако не и повеќе!”, тој додава дека инвестирала во себе за да добие големи филмски улоги.
“Се чини дека таа правеше „фејс лифтинг“, стави филери во усните и веројатно ставше ботокс на челото, помеѓу веѓите и околу очите. Подигањето на лицето веројатно ја дефинираше вилицата, а тоа се гледа на нејзините нови фотографии”, заклучи тој.