Радио Милева

Доби зет од Белград: Сестрата на Огнен Здравкоски кажа „да“ (фото)

Доби зет од Белград: Сестрата на Огнен Здравкоски кажа „да“ (фото)

Огнен Здравкоски ни е познат по учеството во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што претходната сезона под менторство на Марија Шерифовиќ тој успеа да стигне до самото финале и да се претстави во најдобро можно светло.

Шерифовиќ неколку пат досега имаше пофални зборови за нашиот кандидат, а во една прилика истакна дека од нејзината екипа тој е најдобар машки вокал.

фото: фејсбук

Не и чудно за талентот на Здравкоски бидејќи потекнува од музичко семејство односно фамилијата Џорлеви, внук на легендата на македонската фолклорна музика  Наско Џорлев, син на неговата ќерка, пејачката Софче и внук на вујко му, маестро Зоран Џорлев

По завршувањето на шоуто, Огнен се врати во Македонија каде што продолжи со настапи пред неговата публика во родниот крај.

Меѓутоа, деновиве Огнен повторно замина во Белград каде што гостува по неколку емисии и подготвува нова песна.

Тој беше дел од снимањата на една емисија на „Ѕвездите на Гранд“, па накратко прокоментира дека му недостига шоуто и целата еуфорија.

фото: Притнскрин/инстаграм/огненздравкоски

Меѓутоа, Огнен и неговото семејство имаат дупла причина за славење односно неговата пет години постара сестра Оле Здравкоска кажа „да“ на нејзиното момче Богдан Сундиќ од Белград.

фото: фејсбук/олездравкоска

Овие убави вести, Оле ги сподели на својот „Инстаграм“ профил, а Здравкоски не чекаше многу да ја сподели среќата што неговата сестра се сврши и наскоро ќе заплива во брачните води.

„Вечни да сте ми мои најмили, ве сакам“ напиша Здравкоски во описот на фотографијата.

фото: принтскрин/инстаграм/огненздравкоски

Честитки пристигнуваа од сите страни, а една од нив беше и на српскиот пејач Саша Ковачевиќ кој изјави: „Само да им посакам се најубаво“ беше краток пејачот.

фото: принтскрин/инстаграм/огненздравкоски

Како што е редот, екипата и расположеното друштво замина да прослави во кафеана.Веселата екипа беше задолжена за одлична песна и прекрасна атмосфера, а во еден момент запеја и Огнен.

фото: Принтскрин/инстаграм

Оле и Богдан беа во врска повеќе од две години, а нивната љубов сега ќе ја крунисаат со брак. На социјалните мрежи може да се видат нивни заедни фотографии од одмори, патувања, присуство на свадби, а тие исто така го бодреа и Огнен додека беше во музичкото шоу.

Зетот на Огнен е од Белград, а има завршено во училиште за туризам и угостителство

.

фото: Инстаграм/олездравкоска

Редакцијата на вистина.ком.мк им посакува се најубаво во заедничкиот живот.

To top