Радио Милева

Јелена Карлеуша се пресели во вилата вредна 2 500 000 евра: Пејачката ја објави првата фотографија од новиот дом

Јелена Карлеуша се пресели во вилата вредна 2 500 000 евра: Пејачката ја објави првата фотографија од новиот дом

Пејачката Јелена Карлеуша од јануари наваму постојано е во центарот на вниманието во медиумите.

Прво, беше поради нејзината наводна афера со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш и наводно дека пејачката се разведува од сопругот Душко Тошиќ.

Потоа во март месец почина нејзината мајка Дивна Карлеуша.

Исто така во медиумите се пишуваше дека Јелена и Душко бараат да купат нова куќа.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/eve-kako-izgleda-kukjata-koja-dushko-toshikj-i-ja-kupi-na-jelena-za-2-5-milioni-evra-foto/

Куќата се наоѓа во отмениот дел на Дедиње, пространа е и добро лоцирана меѓу огромни крошни на дрвја.

На Карлеуша посебно и се допаѓа што куќата е пространа, што има приватност и голем двор за децата. Во вилата има чтири купатила, па секој ќе има свое.

Сега Карлеуша на социјалните мрежи објави фотографија од нејзиниот нов дом, поточно објави фотографија од базенот во вилата, а во описот напиша: „Мојот нов дом“.

фото: Принтскрин/инстаграм

За потсетување, медиумите пишуваа дека вилата вреди 2,5 милиони долари.

 

Поврзани теми

To top