Поранешната македонска ракометарка Ива Стојковска, во саботата, 1409.2019 г. се омажи за струмичанецот Даниел Пројковски со кого беше неколку години во љубовна врска.
Ива Стојковска е позната како некогашна македонска ракометарка (Еуростандард Ѓорче Петров, Кометал Ѓорче Петров, ЖРК Вардар и Приштина) која дури го облече и репрезентативниот дрес. Но набргу потоа се откажа од активното играње, останувајќи во ракометот како спортски директор на женската екипа на ЦЕМС.
Таа инаку е сестра на Ана Стојковска, која на јавноста и стана позната откако во јуни годинава се омажи за естрадниот менаџер Кристијан Стефановски – Кико.
Сестрите се познати потоа што се симпатизери, активисти и блиски поддржувачи на владеачката партија.
Нивните профили ги красат меѓу сите останати фотографии со познати личности и селфи фотографиите со лидерот на СДС и македонски премиер, Зоран Заев, кој бил лично присутен и на свадбата на поранешната ракометарка.
Инаку свадбената веселба се одржала во еден познат ресторан во Струмица, а на неа присуствувале нивните најблиски другари, пријатели, роднини, но и лица од јавниот живот.