Радио Милева

(ФОТО) По речиси четири месеци: Јана Бурче ги објави првите фотографии од ќеркичката Дона!

(ФОТО) По речиси четири месеци: Јана Бурче ги објави првите фотографии од ќеркичката Дона!

Откако на 11-ти октомври нашата позната поп-пејачка Јана Бурческа и нејзиниот сопруг Александар стана родители, Јана целосно ги остави социјалните мрежи и се ретко беше активна со нова објава.

Но деновиве направи исклучок од тоа, па по речиси четири месеци реши да ги објави привите фотографии од бебенцето пред јавноста на социјалните мрежи.

Сепак, младата мајка се уште не е подготвена да го покаже лицето на својата драгоцена наследничка и додека лежи во релаксатор, па го покри со едно срценце.

Овој пат славата на Дона и ја украде малото бело пудличе, кое позираше до бебенцето.

Инаку, Јана прави пауза од музичката кариера, а гласот го вежба пеејќи и на Дона. Во изјава за „Женски магазин“ вели дека како родители со сопругот,почнале огличнон да се снаоѓаат, но со тек на време.

„Како за сефте родителi се разбира дека бевме прилично смотани, најпрво. Но, помина доволно време, а и имавме стручна обука од баба и дедо, па сега одлично се снаоѓаме и сами. Најмногу ни помага Дона бидејќи е многу умна и ноќе спие дури и по 6 часа. Срце мајкино!“, вели Јана.

 

To top