Сигурно се сеќавате дека миленичката на нашиот шоумен, Игор Џамбазов, Емилија Џамбазова Бавчанска, пред околу една година беше една од најпопучарните мачки на социјалната мрежа Фејсбук.
Нејзиниот газда го „нарекуваше“ хомо-сапиенс, а пак тој нејзе ја возвишуваше до небо со подарената љубов.
Покрај себе, ја направи и популарна, па Емилија стана омилената позната македонска мачка на социјалните мрежи.
Но изгледа Емилја ја удри славата во глава, па нејзиниот хомо-сапиенс реши малку да ја олабави и да ја стави во медиумска илегала.
Профилот на Емилја Бавчанска остана без нови објави од неа, а газдата како да на сакаше да чуе повторно да ја „врати во игра“.
Дел од фановите дури се запрашаа да не случајно на познатата мачка и се случило нешто, но таа дилема ја разреши нејзината пријателка, а и пријателка на газдата, Тамара Тодевска.
По подолго време, таа на Инстаграм објави фотогтрафија од Емилја и Игор, прегрнати и во љубов, како и порано.
Веруваме дека обожавателите повторно би посакале да ја гледаат и да ги читаат „нејзините шеги“, посветени на нејзиниот драг хомо-спапиенс, а и останатите од неговиот род.