Ирина Шајк се фотографираше во опуштено издание во Њујорк пред билборд на кој е таа како дел од модна кампања, но еден детаљ на манекенката нема да остане незабележен.
Иако Ирина го покажа своето витко тело во краток топ и шорцеви, меѓутоа на многумина не им се допаѓаат нејзините обувки.
Имено, фановите и забележаа за нејзините црни патики кои во комбинација со нејзината витка линија не и стојат и изгледаат како големи.
Освен на обувките многумина и забелажаа на Ирина дека изгледа премногу слабо, но и дека повеќе да јаде.
За потсетување, Шајк неодамна се најде во центарот на вниманието поради нејзината разделба со Бредли Купер.