Претходната недела естрадниот магазин „Хело“ организараше забава по повод 600 број на излегување.
Речиси цела српска естрада присуствуваше на забавата, а меѓу нив и Ана Бекута и Нина Бадриќ.
Меѓутоа, како што пренесуваат медиумите во салата дошло до кавга меѓу Ана и Нина.
Имено, на влезот од салата гостите добивале бројче, а подоцна започнала лотарија со која биле извлекувани броеви и доделувани награди.
Бил извлечен бројот кој го имала Нина Бадриќ, па таа добила ваучер за патување, односно викенд на луксузно место во Црна Гора.
Нина се појавила на сцена да ја земе наградата, а Бекута почнала да мавта со рака и да вика: „Јас се противам“.
На ова рекација, Нина се насмеала и прашала во што е проблемот,а Бекута одговорила дека не добила број.
„Во ред е Ана, еве ви го мојот број. Ви го поклонувам бројот“ изјавила Бадриќ.
По тој повод се огласи и Ана, па истакна што навистина се случило.
„Морам да кажам дека многу убаво си поминав на забавата и додека разговарав со пријателите започна томболата. Моите пријатели ми кажаа: „Ние, немаме броеви“. Добро расположени тргнавме кон сцената и јас кажав дека немаме броеви, но и дека излегов да ја поздравам само Нина“ вели Ана Бекута и додава:
„Добивме аплауз поради шегата која ја направив и сите продлживме да уживаме во добрата енергија. Јас сум жена која патуваше низ цел свет благодарение на мојата работа и тврдам дека се шегувавме за лотаријата, а немав никаква лоша намера“ вели Ана.