Мегафон

Објавени номинациите за 90. доделување на Оскарите

Објавени номинациите за 90. доделување на Оскарите

Академските филмски награди, попознати како Оскарите, годинава ќе бидат доделени по јубилеен 90. пат, а денеска беа соопштени и номинираните уметници и остварувања кои Академијата за филмски науки и уметности ги оцени како најдобри во минатата 2017 година. Со глобален пренос во живо преку Јутјуб, во театарот „Семјуел Голдвин“ во Беверли Хилс, номинациите ги објавија актерите Тифани Хадиш и Енди Серкис, а сосема очекувано, списокот со номинирани е доста сличен, речиси идентичен со оној од неодамнешното 75. доделување на Златните глобуси.

Во дури 13 категории е номиниран филмот „Формата на водата“ (The Shape Of Water), вклучувајќи ја и главната награда за најдобар филм, како и за најдобро оригинално сценарио и најдобра оригинална музика, Гијермо дел Торо е во трка за најдобра режија, Сели Хокинс за актерка во главна улога, а Октавија Спенсер за актерка во споредна улога.

Веднаш зад него, со 8 номинации е воената драма Данкирк“ (Dunkirk), во седум категории е номиниран фаворитот на сите досегашни доделувања – „Седум билборди пред Ебинг, Мисури“ (Seven Billboards Outside Ebbing, Missouri), а по шест номинации добија „Најмрачниот час“ (Darkest Hour) и „Фантомски конец“ (Phantom Thread). Второто продолжение на „Блејд ранер“ од 1982 година – „Блејд ранер 2049“ (Blade Runner 2049) и „Лејди брд“ (Lady Bird) имаат по пет номинации, а „Викни ме со твоето име“ (Call Me By Your Name), „Излегувај“ (Get Out), „Мадбаунд“ (Mudbound) и „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“ (Star Wars: The Last Jedi) имаат по четири номинации.

На 88-годишна возраст, Кристофер Пламер (актер во споредна улога во „Сите пари на светот“) стана најстариот актер номиниран за натпреварувачка награда во историјата на Оскарите, а со номинацијата за најдобра режија, Грета Гервиг (Лејди брд) е петтата режисерка во трка за оваа награда досега.

Наместо во традиционалниот февруарски термин, за да не се совпадне со Зимските олимписки игри, јубилејното, 90. по ред доделување на академските филмски награди ќе се одржи на 4 март 2018 година, во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, а водител на манифестацијата по вторпат ќе биде американскиот комичар и водител Џими Кимел. Комплетниот список со номинации ве очекува во продолжение (насловите во зелена боја се линкови за трејлери).

Најдобар филм

Актерка во главна улога

  • Сели Хокинс, „Формата на водата“ 
  • Френсис Мекдорманд, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“ 
  • Марго Роби, „Јас, Тонја (I, Tonya)
  • Срша Ронан, „Лејди брд“ 
  • Мерил Стрип, „Тајните досиеја“

Актер во главна улога

  • Тимоти Шаламе, „Викни ме со твоето име“
  • Даниел Деј-Луис, „Фантомски конец“
  • Даниел Калуја, „Излегувај“
  • Гери Олдман, „Најмрачниот час“
  • Дензел Вашингтон, „Роман Џеј Ираел, есквајр (адвокат)“ (Roman J. Israel, Esq.)

Актерка во споредна улога

  • Мери Џеј Блајџ, „Мадбаунд“  (Mudbound)
  • Алисон Џени, „Јас, Тонја“
  • Лесли Менвил, „Фантомски конец“
  • Лори Меткалф, „Лејди брд“
  • Октавија Спенсер, „Формата на водата“

Актер во споредна улога

  • Вилем Дафо, „Проектот Флорида“ (The Florida Project)
  • Вуди Харелсон, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“
  • Ричард Џенкинс, „Формата на водата“
  • Кристофер Пламер, „Сите пари на светот“  (All the Money in the World)
  • Сем Роквел, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“

Најдобра режија

  • Кристофер Нолан, „Данкирк“
  • Џордан Пил, „Излегувај“
  • Грета Гервиг, „Лејди брд“
  • Пол Томас Андерсон, „Фантомски конец“
  • Гијермо дел Торо, „Формата на водата“

Најдобар филм на странски јазик

  • „Фантастична жена“ (Una mujer fantástica /A Fantastic Woman) – шпански јазик, Чиле
  • „Навредата / Случајот бр. 23)“ (The Insult / Qadiyya raqm 23 ) – арапски јазик, Либан
  • Нељубов“ (Нелюбовь / Loveless) – руски јазик, Русија
  • „Тело и душа“ (Testről és lélekről /Оn Body and Soul) – унгарски јазик, Унгарија
  • „Квадрат“  (The Square– шведски јазик, Шведска

Најдобар краткометражен документарен филм

Најдобар долгометражен документарен филм

Најдобра оригинална песна

Најдобра оригинална музика

  • „Данкирк“
  • „Фантомски конец“
  • „Формата на водата“
  • „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“
  • „Три билборди пред Ебинг, Мисури“

Најдобар анимиран филм

Најдобро адаптирано сценарио

  • „Викни ме со твоето име“
  • „Катастрофалниот уметник“ (The Disaster Artist)
  • „Логан“ (Logan)
  • „Играта на Моли“ (Molly’s Game)
  • „Мадбаунд“

Најдобро оригинално сценарио

  • „Затоа се вика љувов“ (The Big Sick)
  • „Излегувај“
  • „Лејди брд“
  • „Формата на водата“
  • „Три билборди пред Ебинг, Мисури“

Најдобар дизајн на продукција

  • „Убавицата и ѕверот“ (Beauty and the Beast)
  • „Блејд ранер 2049“ (Blade Runner 2049)
  • „Најмрачниот час“
  • „Данкирк“
  • „Формата на водата“

Најдобра кинематографија

  • „Блејд ранер 2049“
  • „Најмрачниот час“
  • „Данкирк“
  • „Мадбаунд“
  • „Формата на водата“

Најдобар дизајн на костими

  • „Убавицата и ѕверот“
  • „Најмрачниот час“
  • „Фантомски конец“
  • „Формата на водата“
  • „Викторија и Абдул“ (Victoria and Abdul)

Најдобра монтажа на звук

  • „Возачот Бејби“ (Baby Driver)
  • „Блејд ранер 2049“
  • „Данкирк“
  • „Формата на водата“
  • „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“ (Star Wars: The Last Jedi)

Најдобар микс на звук

  • „Возачот Бејби“
  • „Блејд ранер 2049“
  • „Данкирк“
  • „Формата на водата“
  • „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“

Најдобар кракометражен анимиран филм

Најдобар краткометражен игран филм

Најдобри визуелни ефекти

Најдобра монтажа на филм

  • „Возачот Бејби“
  • „Данкирк“
  • „Јас, Тонја“
  • „Формата на водата“
  • „Три билборди пред Ебинг, Мисури“

Најдобра шминка и фризура

  • „Најмрачниот час“
  • „Викторија и Абдул“
  • „Чудо“ (Wonder)

Извор: РадиоМК

To top