Мина Врбашки се согласи да влезе во „Задруга 3“ како рамноправна учесничка, а еден од условите што таа ги постави за учество во шоуто е бизарен.
Имено, Мина барала заштита од нејзината бивша цимерка и поранешна пријателка Тара Симов, поради која беше истрижана ќелава пред неколку години.
Според едблизок извор, Мина барала во случај на физички контакт со Тара, таа да биде истерана од куќата.
Мина и Тара биле многу блиски пријателки до моментот кога се судрија околу исто момче. Кога ситуацијата меѓу двете се заострила, Тара и кажала на тогашната девојка на Мина ( која е бисексуалка) дека таа ја изневерува, по што партнерката брутално ја претепала и и ‘ ја истрижала главата на ќелаво.
Војната на Мина и Тара траела со месеци, дури и се степале на еден сплав, а се сомневаше дека ќотекот што Мина потоа го добила од група машки и го наместила Тара неколку месеци подоцна – раскажува изворот.
Тој објаснува дека Врбашки барала заштита во „Задруга 3“, од страв дека нејзината поранешна пријателка ќе ја нападне на спиење или додека таа не обрнува внимание на неа.