Џенифер Лопез и Алекс Родригез се свршија минатиот март оваа година по две години врска, а двајцата имаат по две деца од поранешните бракови.
Имено, 44 годишниот поранешен бејзбол играч гостуваше во една емисија во која откри детали за венчавката која сите ја очекуваат.
Неговите зборови ги изненадија фановите бидејќи за јавноста не се познати детали за свадбата.
Тој откри дека Џенифер го има последниот збор и дека таа ја води целата организација:
„Кога размислувам за плановите за венчавка, а Џенифер е ваша партнерка, вие едноставно само потврдувате климајќи со главата. Не знам каде ќе се оженам, не знам ни што ќе облечам, ни кога ќе се случи свадбата. Јас едноставно ќе се појавам“ вели Алекс.
Откако соговорниците се обидиле да откријат уште некој детаљ, Алекс одлуил да открил една тајна.
„Имам еден детаљ за вас. Дали сте подготвени?….Тоа ќе биде еден дол лет“ вели свршеникот на Џенифер и додава дека свадбата нема да биде во Дубаи.
Она што е познато е дека парот ќе се венча во црква бидејќи пејачката изјави сака да направи нешто поразлично од досегашните свадби.