Миењето на автомобилот за многумина е ритуал. Оние кои имаат услови тоа го прават дома во својот двор, како и оние кои не им веруваат на „перачите“…
Останатите ги мијат автомобилите во специјализирани перални. Рачно или машински сеедно, важно љубимецот да блеска од чистота.
Неготинчани имаа чудни навики… Или барем поединци како овој тип, на кој очигледно не му се даваат пари за миење на автомобилот, па… Чешмичката за пиење вода во паркот ќе заврши работа.
Гратис вода за миење на неговиот автомобил, па ако неговото бесплатно перење се покаже успешно, може ќе почне и да наплаќа…!