Радио Милева

Лоба се сврши нечујно, а сега како „од пушка“ откри дека ја подготвува свадбата – еве кога ќе се случи!

Лоба се сврши нечујно, а сега како „од пушка“ откри дека ја подготвува свадбата – еве кога ќе се случи!

Љубовниот живот на пејачката Викторија Лоба отсекогаш бил мистерија за јавноста, а кога е во прашање нејзината мажачка, неколку години наназад во медиумите се провлекуваа разни шпекулации за нејзиниот брачен статус.

Таа пак, како да и годеше таквото нагодување, мудро си молчеше и како во турска серија,  кога го добиваше прашањето дали најпосле се свршила со момчето, повторно оставаше прашалници – ниту да потврди, ниту да демантира.

Но тоа како што вели и е школа од дедо и.

-Нештата од куќата, треба да останат во куќата. Така ме учеше дедо ми. И јас го почитувам тој негов скапоцен совет, изјави убавата пејачка во една прилика.

Најпосле дојде и крајот на приказните дали се омажила или не. Лоба пред камерата на естрадниот магазин „Бекстејџ“ потврди дека е свршена и дека со саканиот ја подготвуваат свадбата која ќе се случи претстојната 2020 година.

Досега многупати ја видовме како невеста и со свршенички прстен на раката, но само во рамките на рекламни кампањи за брендови кои ги промовира.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/viktorija-loba-se-mazi-vistina-kom-mk-kako-baba-vangja-ili-ushte-edno-apri-li-li-li-na-pejachkata-foto/

Со толку многу пракса која ја стекна досега, овие моменти без сомнеж ќе ги помине како песна.

Инаку, Викторија Лоба и бизнисменот Ѓорѓи Калешов беа во врска околу шест години, а веќе се искусни и во заедничкиот живот.

– Со Ѓорѓи се запознавме пред пет години. Тогаш „пролета искра“ меѓу нас. Сега се надополнуваме. Ние сме како јин и јанг. Потполно различни, а сложни. Од мене тој ја учи смиреноста, а јас од него амбициозноста, изјави своевремено Лоба за Ѓорѓи.

Иако веќе знаеме дека како невеста изгледа како ангел, можеме само да претпоставуваме колку магично ќе изгледа оваа руска принцеза на својот голем ден.

Епа конечно, честитки!

To top