Според некое непишано правило, турските актери секогаш за партнер избираат некој од своите колеги, а таков е случајот и со убавата турска актерка Ебру Озкан или попозната како Дилара од „Парампарче“.
Пред да ја започне врската со актерот Ертан Шабан во 2016 година, на кој неодамна му роди и дете, Ебру беше во врска со двајца свои колеги.
Едниот е Неџат Ислер со кого се гледаше во периодот од 2014 до 2015 година, додека пред него беше во четиригодишна врска со актерот Чанер Чундурук.
Сепак, љубовта со Ертан беше вистинската, а откако минатата година направија свадба, сега добија и ќеркичка.