Радио Милева пластика...

Pornhub го сними “највалканото видео на сите времиња“: „Ние сме валкани, но тоа не значи дека …“ (ВИДЕО)

Pornhub го сними “највалканото видео на сите времиња“: „Ние сме валкани, но тоа не значи дека …“ (ВИДЕО)

Сајтот за возрасни „Pornhub“, покрај еротските содржини кои ги нуди за посетителите на овие интернет страници, овојпат одлучил да ги образува поточно да ја подигне свеста за пластиката и пластичниот отпад.

„Pornhub“ одлучиле, засега непозната сума на пари да ја донираат на непрофитната организација „Ocean Polymers“ која се занимава со собирање на пластичниот отпад од океаните.

Поради тоа е покрената и кампањата „Ocean Polymers“ која вклучува и видео снимка со чие гледање посетителите помагаат во зачувување на планетата.

Сајтот за возрасни објавил снимка во која се појавува Леолулу, еден од нивните најпознати аматерски парови. Филмот е снимен на една од најзагадените плажи на светот (не е соопштено точно на која), а прикажува пар кој води љубов во разни пози, пренесуваат од „LADbible“.

Парот на почетокот не се гледа затоа што е скриен со отпадот и ѓубрето. Неколку минути подоцна екипата на „Pornhub“ почнува да ја чисти плажата и да го отстранува ѓубрето и пластичните предмети со кои на почетокот на видеото се покриени телата.

„Сакаме да се извалкате. За секое погледнато видео „Pornhub“ ќе донира пари за организацијата „Ocean Polymers“ за да им помогнеме да ги сочуваат нашите мориња и плажи“ – порачуваат од страницата за возрасни.

„Во нашите океани моментално има околу 12.7 милиони тона пластика. Научниците предвидуваат дека за 30 години ќе има повеќе пластика отколку риби што е шокантно“ – истакнуваат од сајтот.

„Загадувањето на океаните стана најважното прашање во ова време, а тоа само се влошува. Затоа е важно и по пат на нашиот сајт да ја подигнеме свеста кај луѓето и да ги поттикнеме на промени“.

„Ние во „Pornhub“ сме “валкани“, но тоа не значи дека и плажите мора да бидат“ – истакнале од сајтот за возрасни.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=65&v=nskUHvjylEA

To top