Мегафон

„Таксим трио“ на „Џез фест“ во Тетово

„Таксим трио“ на „Џез фест“ во Тетово

Таксим Трио е еден од неверојатните музички феномени на Истанбул, супер група од тројца врвни музичари. Трите виртуози, школувани во циганска култура, природно се отворени за хоризонти надвор од оние на Босфорот. Флуидниот и кадифениот звук на кларинетот на Hüsnü Şenlendirici, танцува со и околу јасниот тон на багламата на İsmail Tunçbilek (инструмент во форма на мал лиут) и канунот во вид на гитара на Aytaç Doğan. Меѓу нив, тие ткаат магија, со ориентални тонови кои звучат и како древни, но истовремено и многу свежи и современи.
Со векови, Истанбул е место каде што Истокот се сретнува со Западот, и со оваа идеја Таксим Трио ја креира својата музика. Очигледно, во сопственото музичко наследство се вкоренети на традиционалната турска музика, но Таксим Трио, во оваа традиционална атмосфера, инкорпорира и стилови како класичен и џез, но насоката на нивната музика секогаш го претставува Истанбул во неговата нај кулминантна величина, и историски и музички.
Музика за душата и умот …

To top