Чинот и начинот на запросувањето е многу важен момент во животот на секоја жена.
НБА ветеранот, Јоаким Ноа, ја запроси на необичен начин, односно на необично место својата девојка, манекенката и ангелот на „Викторија сикрет“, Лаис Рибеиро. Тој запросувањето го направи на фестивалот „Burning Man“, по што 28-годишната манекенка ја објави среќна вест на Инстаграм.
„Јас малку задоцнив со фотографии од „Burning Man“ и секако дека не го допрев мојот телефон пет дена и немам ниту една фотографија, но му благодарам на мојот најдобар пријател, кој го фати еден од најдобрите моменти во мојот живот“- напиша таа.
„Но, ме изненади во моето омилено место и ми предложи брак. Не можев да бидам посреќна. Луѓе, ние се венчаваме“ – додаде таа.
Ноа, кој минатата сезона играше за НБА тимот на „Мемфис Гризлис“, објави на Инстаграм, каде напиша дека запросувањето за него била најлесната одлука во неговиот живот, додавајќи дека сцените од фестивалот никогаш нема да ги заборави.
Двојката започна да се забавува во 2018 година, а честитики доаѓаат од сите страни до заљубениот пар.