Радио Милева Love is in the air

Љубовна панорама: Спејко и Љупка-кумановско-струмичка идила со поглед на Скопје (ФОТО)

Љубовна панорама: Спејко и Љупка-кумановско-струмичка идила со поглед на Скопје (ФОТО)

Љубовната приказна на македонските „Бред и Анџелина“  влегува во нова фаза… По се изгледа онаа на кулминација, кога страста и љубовта се испреплетуваат до граница на екстаза. Доведувајќи го едниот другиот до врвот, препуштени на волшебната игра на сетилата, љубовната романса на двајцата модни блогери влегува од сеанса во сеанса, додека возбудата расте…

И помеѓу нив двајца, а и кај нетрпеливата јавност која будно го следи секој нивен потег, движење, гест… со оглед  на фактот дека љубовниот живот им е речиси јавен, како во реално шоу!

А, бидејќи „шоуто мора да продолжи“ и продолжува, со нова размена на меѓусебни нежности, искажани емоции, страсти зборови… кои се и повеќе од зборови! Особено ако се поткрепени со нови фотографии или видеоклипчиња…

Може ли да се каже љубов на прв поглед, за која можеби претходно мислевте дека постои само во филмовите и книгите?“

„Сè што си ти е се’ што ми требаше. Колку среќа треба да имаат двајца луѓе за да  да паднат во прегратка еден на друг, во вистинско време на вистински начин“?

„Кога гледам во твоите очи, не сакам да гледам подалеку. Се смеам на секој збор што излегува од твојата уста и кога се насмевнувам, се топам. Понекогаш се прашувам што би правел без тебе, и не можам да сфатам како сум можел без тебе порано“?

„Најдобар бакнеж е оној кој е разменет илјади пати меѓу очите пред да стигне до усните“!

Вака отприлика личи нивната „love story“  на наш начин, испреплетена со изливи на нежност низ зборови и слика. А на последните фотографии – панорама… На македонската метропола… И тоа љубовна!

Спејко и Љупка…  кумановско-струмичка идила со поглед на Скопје. Како место за заедничка иднина, можеби!?

 

To top