Светската дива Мадона поставила нови правила на своите фанови за нејзината светска турнеја по повод 14 студиски албум под името „Madame X“.
Мадона сака нејзината турнеја да испадне најдобро што може, па овој пат одлучила да донесе нови ригорозни правила.
„Употреба на мобилни телефони, паметни часовници, камери и слични уреди нема да бидат дозволени за време на настапите. Местата во салите треба да ги резервираат за да влезат на време, а откако влезниците ќе се искористат на мобилниот телефон, употреба на истите нема да биде дозволена“ пишува во барањето на Мадона.
За разлика од претходните турнеи, Мадона одлучила претставувањето на својот нов албум да не биде во големи сали туку во театарски сали.
„Сакам да реализирам интимен однос со публиката“ вели Мадона.
Мадона ќе ја ангажира фирмата “Yondr Group” која ќе дели специјални торби за телефони кои може да се заклучуваат.
Фановите се согласија со ова барање на Мадона сметајќи дека пејачката сака публиката да ја почувствува магијата на концертот, а не цело време да гледаат во телефоните.
Мадона неодамна се огласи за штетноста на мобилните апарати потенцирајќи како ги одалечиле од нејзините деца.
Таа на својот син Давид го земала мобилниот телефон, а како што вели нејзините деца станале опседнати со фотографирање на други и почнале да се споредуваат со нив.