Не само комичар, туку Љупчо Бубо Каров своевремено да ти бил и визионер. И тоа уште во времето кога пред дваесеттина и кусур години, „К15“ со својот хумор беа неприкосновени владетели на забавата во македонскиот медиумски етер.
Арно ама, зад забавата и добрата заработка од неа, тогаш да ти имало и визија. Зашто кога денес ќе направите ревизија на материјалот, бргу сфаќате дека она, со кое кое некогаш Цацко се подбивал и го исмејувал, денес наголемо го практикува. Секако, сега, кога е од другата страна, во прегратките или поточно во скутот на власта на Зоран Заев!
Имено, да ве потсетиме дека од јули 2017, Љупчо Бубо Каров е поставен за надворешен советник на Министерот без ресор Роберт Поповски , задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност во Владата на Република Македонија… Пардон, на „нашата земја!“
Па сега оттаму добива „дебел“ месечен хонорар… Од истата онаа „наша земја“ – фраза на која и се смееше и потсмеваше, кога беше најдобриот комичар во „нашата“… Пардон, во Република Македонија!
View this post on Instagram